Напредни опции за таргетирање



Во EasyPlatform сега се достапни нови опции за таргетирање - опширно таргетирање по гео-локација и можност за избор на интернет-провајдер.

Tаргетирање според географска локација


Сега имате можност за детално гео-таргетирање на ниво на село/град, област, регион или континент и да ги прикажувате вашите реклами на корисниците лоцирани на соодветната локација. Овој тип на таргетирање е исклучително корисен кога целите кон насочување на видливоста на рекламите на посетители и клиенти во одредена област, или при оптимизација на вашите кампањи според локација, за подобри резултати и подобра персонализација на рекламите. Ние работиме со прецизна и богата база на податоци за да осигуриме дека вашите реклами ќе се појават на вистинското место во вистинско време.

Таргетирање според интернет-провајдер (ISP)


Со оваа опција може да изберете до кои корисници ќе ги емитувате своите реклами врз основа на интернет-провајдерот што го користат или мобилниот оператор, кога корисниците користат мобилен интернет од нивниот уред. Ако производите или услугите што ги нудите се поврзани со одреден провајдер – со оваа опција за таргетирање сега може да стигнете до совршената публика за вас.
Ова се само неколку од опциите за таргетирање што ги нудиме во EasyPlatform - откријте други можности да допрете до совршената публика со создавање на вашата кампања во нашата платформата.

Сѐ уште немате профил во платформата? Регистрирајте се сега!

Не двоумете се да не контактирате за било какви прашања во врска со правилното насочување на рекламите или потребата од помош при работењето со платформата!

Тимот на EasyPlatform