Рекламирајте се на Интернет поинаку од сите други!




Во светот на интернет рекламирањето, постојат различни методи за негово купување според техничките можности и комерцијалните практики. Огласувачот често се соочува со прашањето каков тип на рекламирање да користи и одговорот не е само еден! При изборот на тоа кој тип на рекламирање да се користи, најдобар пристап е да се земе во предвид целта на рекламната кампања и спецификите на самите банери.

Веќе со години, се стремиме кон ефективни, транспарентни и достапни решенија за display рекламирање, со цел да им обезбедиме на нашите партнери успешни и практични алатки за рекламирање кои ги задоволуваат потребите и барањата на огласувачите. Нашата платформа ги комбинира речиси сите видови на Интернет рекламирање.

Иновативни реклами

За да ја збогатиме и подобриме онлајн комуникацијата, го создадовме концептот на интерактивни формати за рекламирање во срцето на нашата рекламна платформа и во последните месеци го трансформиравме системот со усвојување на HTML5 технологијата како основна технологија за ефективна и двонасочна онлајн комуникација. Не само што создадовме стотици интерактивни HTML5 банери за нашите партнери, туку ги фокусиравме и нашите напори на беспрекорна интеграција на оваа технологија со нашата рекламна платформа:
  • ги мериме постапките на потрошувачите
  • ги следиме нивните преференции и внимание кон банерите
  • им даваме на огласувачите можност да ја персонализираат последователната комуникација со корисниците во дигиталната средина
Врз основа на сите овие принципи и добри практики, почнавме да создаваме се повеќе банери кои не се само начин за пренос на Интернет корисникот до веб-страната на огласувачот, туку исполнети со значајна и богата комуникација директно во самиот банер. Веќе имаме многу примери на реклами со десетици производи во нив, со разни написи и информативни прозорци директно во банерот! Во овој случај, самата посветеност на потрошувачот е главната цел на рекламната кампања - да се привлече највредното - вниманието на клиентите доведено до максимум.

CPA – Cost per action (плаќање по дејство)

Затоа ја развивме нашата платформа со пофлексибилен модел на цени заснован на ангажман на потрошувачите и интеракција со банерите - CPA - Cost Per Action. Сега огласувачите имаат можност да платат само за вистинска интеракција на самиот банер.

Ви треба инспирација и примери за да разберете што всушност доживуваат Интернет корисниците? - Погледнете го нашето богато портфолио на веќе имплементирани успешни проекти со најразлични функционалности и визуелни елементи.

Зошто да изберете CPA рекламирање?
Како што споменавме на почетокот - најважната цел е создавање на самата креатива / банер. Кога целта на рекламирањето е да инспирира, ангажира, и да ја поттикне љубопитноста на корисниците, многу често тие не стигнуваат до самиот сајт, туку комуницираат само со банерот. Платформата ја зема предвид оваа интеракција и и дава приоритет на кампањата пред конкурентните пораки според овој индикатор.
А што е со кликовите на веб-страната?
Кога го ангажираме корисникот и му даваме повеќе информации и мотивација да дознае повеќе за производот/услугата, тој донесува многу поинформирана одлука да кликне и знае што да очекува. Тој е повеќе мотивиран да оди напред и тоа води до подобри и конвертирани посети на веб-страницата.
"Гејмификацијата создава можности за соработка"
Докажано е дека корисниците се ангажираат со самиот бренд, се приближуваат до брендот и размислуваат поинаку за рекламите и брендовите кога тие самите имаат избор и одредуваат што ќе се случи. Можете да ја прочитате статијата во Forbes за позитивните ефекти од рекламната гејмификација и онлајн комуникацијата.

Како се создава интерактивна реклама користејќи го CPA моделот на цени?


Нашиот тим е тука да ви помогне заедно да создадете не само убава реклама, туку креатива која ќе ве ангажира, инспирира и издвојува од масата на онлајн рекламирање. Пред да започнеме со креативниот дел, се стремиме во соработка со огласувачот да ги разјасниме целите на рекламирањето, да создадеме вистинска стратегија за комуникацијата да биде најефективна, привлечна и доследна на вредностите и стилот на брендот.

Успеавме да ве инспирираме?
Тука сме тука да ја надградиме вашата моментална онлајн комуникација со нашите интерактивни HTML5 банери.


Тимот на EasyPlatform
macedonia@easyplatform.com
Mob: +389 75 295 178