Често поставувани прашања | Издавачи


На оваа страница ќе ги најдете сите потребни информации за да се регистрирате како Издавач во EasyPlatform, да поставите реклами на вашите сајтови и да генерирате приходи од платформата.


Што претставува EasyPlatform?

EasyPlatform е интерактивна платформа за онлајн рекламирање. Со нејзина помош можете да објавите реклами на вашиот веб-сајт и од нив да добивате приходи. EasyPlatform може да биде како основен, така и дополнителен извор на приходи за вас. Ваше е да ги одберете позициите на кои сакате да ги поставите рекламните кодови, а наш совет е да ги интегрирате добро во Вашиот сајт така што со соработката со нас да го зголемите вкупниот приход од вашиот сајт. Нашите рекламни кодови можат да бидат интегрирани во Doubleclick For Publishers (DFP) и други рекламни сервери кои истовремено го зголемуваат и дополнуваат вашиот приход од други рекламни платформи.

Додавање на нови сајтови

Имам сајт и сакам да соработувам со EasyPltform. Како да го направам тоа?

За да започнете да прикажувате реклами од платформата и да генерирате приходи од поставувањето на рекламите на вашиот веб-сајт, потребно е прво да аплицирате за вклучување на сајтот во платформата тука. При одобрување на веб-сајтот од администратор ќе добиете потврда по e-mail, со што ќе можете да ја завршите вашата регистрација како издавач во платформата. Ако сакате да учествувате со неколку сајтови, не аплицирајте со сите, туку само со еден, кој е најмногу посетуван. При одобрување и креирање на профил во платформата, ќе може да ги предложите и останатите.

Кои услови треба да ги исполнува мојот сајт за да биде одобрен за учество во платформата?

За да биде разгледана апликацијата на вашиот сајт, тој мора да ги исполнува следниве услови:

  • Сопствен домен (top-level URL)
  • Mинимум 5 000 уникатни посети дневно
  • Професионално изработен веб дизајн
  • Редовна одржување и квалитетни содржини

Ве молиме имајте во предвид дека исполнувањето на минималните услови не гарантира вклучување на веб-сајтот во рекламната платформа EasyPlatform. Покрај горенаведеното, проценката за одобрување на даден сајт зависи од повеќе субјективни фактори, како и од моменталната потреба од нови рекламни површини во платформата.

Има ли конкретна содржина која е неприфатлива за учество во платформата и поради која сајтот може да биде блокиран?

Не се прифаќаат (или се блокираат) сајтови кои објавуваат содржини или содржат линкови до следната содржина: секс, порнографија, дрога, насилство, експлицитен јазик, дискриминација на расата, полот, религијата, националноста, сексуалната ориентација и возраста.

Дали можам да учествувам со повеќе од еден сајт?

Секако! По успешната регистрација како издавач во платформата, можете да предложите и други сајтови за учество. За таа цел потребно е по најавата во платформата да отидете во менито Медиуми и да го изберете копчето Додавање на нов веб-сајт. Новододадените сајтови исто така поминуваат низ одобрување од страна на нашиот тим пред да станат активни.

Каде можам да ги видам одобрените сајтови?

Одобрените сајтови се видливи во делот Медиуми. Во оваа секција може да го користите копчето Додавање на нов веб-сајт за да предложите нов сајт за работа со платформата.

Што означува статусот на мојот сајт?

Откако ќе аплицирате за учество во платформата, Вашиот сајт/сајтови може да има три статуси: Во очекување, Одобрен и Блокиран:

  • Во очекување – предложениот сајт треба да биде разгледан од страна на администраторите и во моментот не може да креирате рекламни кодови за овој сајт.
  • Одобрен – предложениот сајт е одобрен од страна на администраторите и можете да креирате рекламни кодови за овој сајт.
  • Блокиран - предложениот сајт не е одобрен од страна на администраторите и не можете да креирате рекламни кодови за него. Блокираните сајтови се сокриваат автоматски и не се видливи во оваа секција.
Која би можела да биде причината за блокирање на мојот сајт од платформата?

Сајт може да биде блокиран од следниве причини:

  • Вашиот предложен нов сајт е разгледан од администраторите и не е одобрен за работа со платформата.
  • Сајтот е блокиран, бидејќи не обезбедува доволно импресии, односно не ги користи активно рекламните кодови на платформата.
  • Сајтот е блокиран, бидејќи почнал со објавување на неприфатлива содржина откако првично бил одобрен.
  • Сајтот е блокиран, бидејќи не е достапен подолго време.
  • Сајтот е блокиран, поради утврдена злоупотреба на рекламите, на пример генерирање на автоматизирани или намерни кликови. Во овој случај сајтот е блокиран без право на повторно вклучување во платформата, а Издавачот е одговорен за предизвикани штети.

Прикажување и контрола на рекламите

Кои се следните чекори откако мојот сајт е одобрен?

За да почнат да се прикажуваат реклами од платформата потребно е прво да креирате т.н. "рекламна зона" и да ги вградите кодовите од рекламните зони во вашиот веб-сајт.

Како да креирам рекламен код и да го вградам во мојот сајт?

Копчето за Креирање на нова рекламна зона и листа со постоечките рекламни кодови ќе најдете во делот “Рекламни зони”. Откако ќе се создаде рекламна зона, таа автоматски ќе ви се прикаже во табелата. Самиот код можете да го најдете така што ќе кликнете на копчето “код и преглед” или на името на рекламната зона. Копирајте го кодот на рекламната зона и имплеметирајте го во вашиот сајт преку директно вметнување во програмскиот код или преку функциите на вашиот банер систем, но внимавајте да не е во iframe.

Дали се компатибилни вашите рекламни кодови со мојот банер систем?

Платформата работи со голем број на Издавачи кои користат најразлични банер системи. Досега, познати рекламни системи и модули ни се: Doubleclick For Publishers (DFP), Smart AdServer, Ad Ocean, OpenAds, Wordpress Plugins и други. Ако сепак имате потешкотии со прикажување на нашиот рекламен код, Ве молиме контактирајте не за да ви помогнеме.

Го додадов рекламниот код, кога ќе почнат да се прикажуваат реклами на мојот сајт?

Откако ќе креирате рекламна зона, времето за нејзината активација е не повеќе од 15 минути. По ова време, а понекогаш и побрзо, ќе започнат да се прикажуваат реклами во креираната рекламна зона. Можете да го поставите рекламниот код веднаш на вашиот сајт, но рекламите ќе се појават после потребното време за активација, во кое системот ја категоризира рекламната зона и ги избира рекламите кои ќе се прикажуваат во неа.

Го додадов кодот на рекламната зона, помина времето за активација, но сеуште не се прикажуваат реклами. Која може да биде причината?

Причини за непојавување на реклами можат да бидат следните:

  • Времето за активирање на кодот не е поминато (околу 15 минути).
  • Неправилно поставен код - отстранети или заменети делови од кодот или пренесување на дел од кодот во нов ред. Обидете се да го копирате рекламниот код уште еднаш, така што ќе го земете од платформата и повторно ќе го поставите во вашиот сајт.
  • Нема совпаѓање меѓу доменот, запишан во платформата и оној поставен рекламниот код. Во случај кога рекламите на вашиот сајт се управувани од adware сервер кој се наоѓа на различен URL, неопходно е тој исто така да биде дефиниран во системот како алтернативна URL адреса. Додавањето на алтернативни URL адреси се врши преку опцијата “Промена на вашиот сајт”.

За целосна помош при вакви ситуации контактирајте не на телефон 077/441-044, како и на email: macedonia@easyplatform.com.

Каде можам да видам извештај за моите реклами?

Можете да видите детални извештаи за рекламите на вашите сајтови во менито Извештаи. Во самиот панел користете ги опциите на филтерот за да видите детални извештаи по датум, по сајт, рекламна зона и други.

Исплати

Постои ли ограничување на минималната сума за исплата?

EasyPlatform исплаќа износи, кога на сметката на Издавачот има не помалку од 100 еур. Во случај кога сумата за еден месец е помала од 100 еур, таа се акумулира за следниот.

Како да побарам исплата на акумулирана сума во платформата?

Можете да побарате исплата на акумулираната сума во вашиот профил во менито Плаќања и копчето Наплата. Ќе ви се прикаже нов прозорец Избор на месеци за наплата од кои можете да изберете еден или неколку месеци, за кои сакате исплата и го притискате копчето Снимање.

Кога се врши исплата на акумулираната сума во платформата?

Исплатата на акумулирани суми на Издавачите за изминати месеци се врши до 45 календарски дена од датумот на издавање на соодветната фактура. Пример: акумулираната сума за месец септември 2016 година (и претходните месеци) може да се побара (и фактурира) најрано на 1-ви октомври 2016 и ќе биде исплатена меѓу 1-ви и 15-ти ноември 2016.

Износите во платформата се со или без вклучен ДДВ?

Сите износи во платформата се без вклучен ДДВ. Ако вашата регистрација во платформата е како правно лице регистрирано за ДДВ, финалниот износ ќе биде со ДДВ.

Ако сум Издавач – правно лице кои документи се потребни од моја страна?

Сите правни лица треба да ни достават фактура за износот на акумулираната сума пред таа да биде исплатена. Фактурата потребно е да ни ја испратите на адресата на нашата канцеларија во Скопје – ул. Васил Ѓоргов 20А, Менхетен бизнис центар, кат 1.

Каде да ја испратам фактурата?

Фактурата треба да ја испратите на нашата адреса: ул. Васил Ѓоргов 20А, Менхетен бизнис центар, кат 1, 1000 Скопје. Податоците за фактурирање можете да ги најдете во вашиот акаунт во платформата во менито Плаќања.

Дали можам да ги сменам податоците за плаќање во профилот?

Да. Имате можност да ги менувате овие податоци во секое време. Не е пожелно да се променат податоците ако имате побарано плаќање во платформата, бидејќи плаќањето ќе биде извршено кон лицето кое било воведено во платформата во моментот на барање на плаќањето.

Друго

Имам уште прашања на кои неможам да најдам одговор!

Можете да испраќате прашања до нашиот тим директно од вашиот профил во платформата во менито Поддршка.

Не двоумете се да контактирате со нас на телефон 077/441-044, како и на email: macedonia@easyplatform.com. Ние ви стоиме на располагање за повеќе прашања и доколку ви е потребна помош.