Стартувајте ефективна интернет реклама за помалку од 2 минути!



Имате потреба од интернет реклама, но не знаете како најефективно да се огласувате и како да ги изработите рекламите? Веќе постои начин да се огласувате на повеќе од 50 македонски веб сајтови, а рекламите можете да ги создадете сами - брзо, лесно и без дополнителни трошоци. Видете подоле како преку системот на EasyPlatform можете да создадете привлечна и супер видлива реклама со текст и слики, со која вашите понуди, услуги и промоции ќе се прикажат пред огромен дел од онлајн публиката во Македонија!

Со EasyPlatform можете лесно и брзо да создадете свои реклами кои содржат текст и слика за помалку од 2 минути!

Што претставуваат рекламните огласи во EasyPlatform?





Рекламните огласи се лесни за создавање и менаџирање и се состојат од слика, наслов и краток текст. Исклучително соодветни се за промотивни, брзоменливи понуди и реклама на одредени производи, промовирање на настани и новитети.

Не ви се потребни дизајнерски вештини и специјално знаење, за да го создадете својот прв рекламен оглас!

Се што ви треба е:
    1. Слика во две стандардни димензии – секој оглас во платформата е придружен од две слики со минимални димензии од 400х300px и 600х314px во формат jpg, jpeg, gif, png, кои се користат во зависност од големината на рекламната зона во секој од сајтовите. Важно е да изберете соодветни слики, кои се директно поврзани со вашиот бизнис и кои јасно прикажуваат што сакате да рекламирате. Доколку немате можност сами да ја подготвите сликата во потребните две димензии, имате уште две опции - изберете од готовата галерија со над 400 слики или контактирајте не и ние ќе ви помогнеме да ги подготвите најсоодветните слики за вашите реклами.
    2. Наслов на вашата реклама – Одберете краток и атрактивен наслов до 30 карактери, со кој ќе го привлечете вниманието на корисниците.
    3. Опис - Тоа е вашиот рекламен текст, кој треба јасно и точно да ја опишува суштината на вашиот производ или услуга со до 80 карактери. За да ги привлечете правилните корисници и да генерирате оптимална количина на продажби важно е корисниците да бидат доволно информирани и ориентирани уште пред да кликнат врз вашата реклама.
    4. Линк кон вашиот веб сајт – откако ќе се кликне на вашата реклама таа ќе води до веб страницата која ја имате наведено при создавањето на рекламата. Препорачливо е да ги насочувате корисниците кон страница со содржини соодветни на тоа што се рекламира, а не кон почетната страница на вашиот сајт. Така ќе им овозможите директен пристап до производот/понудата за кои се заинтересирале кога ја виделе рекламата.

Сите овие елементи се пополнуваат во една едноставна форма и во рамки на неколку минути веќе имате готова реклама!




Откако ќе ги подготвите рекламите, потребно е да уплатите буџет во својот профил (преку фактура или кредитна картичка) и може да стартувате! Притиснете го копчето за активирање на кампањата и вашите реклами ќе се прикажуваат автоматски во повеќе од 50 македонски веб сајтови!



Не заборавајте дека ние ви стоиме на располагање за било какви прашања поврзани со рекламните формати и можностите за рекламирање кои ги нуди EasyPlatform!

Сеуште немате профил во EasyPlatform? Регистрираjте се сега апсолутно бесплатно и пробајте ја нашата услуга за интернет рекламирање по клик!

Ви посакуваме многу успешни рекламни кампањи и многу продажби!

Тимот на EasyPlatform
Mail: macedonia@easyplatform.com
Тел: 077 44 10 44