10 најчести грешки при изработката на интернет реклами! - дел 1

Интернет рекламата може да биде сериозен маркетинг канал за привлекување на клиенти и зголемување на препознатливоста на вашиот бренд во мрежата. Таа може да биде најнеуспешното или најуспешното нешто во зависност од начинот на кој ќе пристапите.
Со зголемувањето на незабележливоста на банерите кај интернет корисниците и се поголемата конкуренција во веб рекламирањето, треба да бидете добро информирани за правилата при изработка на банери и да се придржувате до основните два принципи:
- Банерите треба да го привлекуваат вниманието и интересот на корисниците
- Секоја реклама треба да предизвикува што е можно повеќе квалитетни кликови преку обезбедување на коректни и корисни информации.
Сигурно веќе сте забележале дека некои ваши реклами работат подобро од другите, но не сте можеле да си ги објасните причините за тоа.
Прочитајте ги 10-те грешки кои огласувачите на интернет најчесто ги прават:
Грешка # 1: Вашите реклами не го привлекуваат вниманието на корисниците
Големината на рекламата е од суштинско значење. Кај мобилните уреди изборот ви е многу ограничен (често до големина 300х250), но кај десктоп рекламата никогаш не пропуштајте да креирате димензии како 970х250 и 300х600. Искористете што е можно поголем фонт соодветен на големината на банер и изберете боја која ќе "фаќа" око. Моментално модерна боја за позадина е интензивна жолта. И на крај, но не и помалку важно - користете слики со многу висок квалитет!
Грешка # 2: Вашите реклами не содржат корисни информации за потенцијалните клиенти
Откако сте го привлекле погледот на корисникот, повеќе од логично е тој да почне да ги чита деталите на рекламата. Во многу банери недостасуваат основните работи кои би му се допаднале на еден потенцијален клиент, имено: конкретна понуда со цена и рок за кој важи предлогот. Поставувањето на стара (пречкртана) и актуелна (намалена) цена, како и рокот на важност го провоцираат корисникот да побрза со донесувањето на одлука. Задолжително ставете го и логото на вашата компанија, за да се зголеми довербата во понудата и да го промовирате графички вашиот бренд. Комбинирањето на овие елементи во банерот ја зголемува шансата за клик и подоцнежно дејство на корисникот.
Грешка # 3: Не барате од корисникот да направи клик... вистинскиот клик
Вовлекувајќи се во дизајнот на банерот, често забораваме на најважното - поканата за акција или т.н. "Call-To-Action". Колку и банално да звучи, корисниците имаат потреба од таков поттик и неговиот недостаток се изразува во намалени CTR-и на рекламата. Најлесно е да поставите копче со натпис "кликни овде", но тоа не е најдобар пристап и нема да се одрази добро на конверзиите во сајт. Подобро поттикнете го корисникот со фрази како "научи повеќе", "прочитај детали" или "искористи го намалувањето".

| CTR е односот помеѓу бројот на прикажувања на банерот и кликовите врз него или со други зборови - мерка за интересот на корисниците кон банерот.
Грешка #4: Рекламите ви содржат преувеличени пораки
Дали некогаш ви се случило да прочитате заблудувачки наслов на вест и откако ќе ја отворите цела се нервирате од нерелевантните информации напишани внатре. Сфаќате дека идејата на насловот е само да привлече внимание и ништо повеќе. Токму тоа се случува со вашите клиенти, кога ќе кликнат на силно преувеличена рекламна порака. На пример: "Погледнете како се облекуваат топ моделите" - банер кој води кон најобична облека од конфекција. Или "100 модели на лаптопи со голем попуст" - води кон сајт со избор од само 5 модели на лаптопи со попуст. Таков тип на трикови помагаат за зголемување на кликовите врз вашите реклами, но не и за реални продажби потоа. А, што е најлошо – таков тип на пораки може да доведе до недоверба кон вашиот бренд и долгорочни негативни ефекти.
Грешка #5: Вашите реклами немаат врска со landing страницата на која ги однесувате корисниците
Ова можеби е најсериозната грешка која може да ја направи некој маркетинг менаџер. Најчесто се случува кога рекламирате одреден производ, а однесувате на почетна страна на сајтот, наместо кон внатрешна страна со производот. Во овој случај, корисниците треба допрва да ја бараат понудата која ја виделе на банерот што доведува до тоа голем број на луѓе, едноставно да го затворат вашиот сајт.
А понекогаш рекламата едноставно е премногу апстрактна. На пример, неверојатно убава слика на хавајска плажа ни нуди одмор во Охрид. Или слика на последен модел автомобил со тунинг води кон автомобил на истата марка, но од средна или ниска класа. Слични погрешни илустрации ќе ви донесат многу корисници, но голем дел од нив ќе бидат разочарани и нема да се постигне посакуваниот ефект од рекламирањето.
| Мора да имате во предвид дека правилното создавање на рекламата ја одредува во голема мера и целокупната ефикасност на рекламната кампања. Очекувајте наскоро Дел 2 со уште примери за грешки при изработувањето на веб реклами.
Нашиот тим од специјалисти е на располагање за помош и прашања поврзани со тоа како да создадете успешни реклами и со целокупната работа со платформата за интернет рекламирање EasyPlatform!
Сеуште немате профил во EasyPlatform? Регистрирајте се сега потполно бесплатно и испробајте ги нашите алатки!
Ви посакуваме многу успешни рекламни кампањи и многу конверзии!
Eкипa EasyPlatform
Mail: macedonia@easyplatform.com
Тел: 077 44 10 44 / 075 29 51 78