10 основни предности на рекламирањето на интернет – Дел 1


Последниве години сите зборуваат за рекламирање на интернет. Дел од компаниите користат интернет како канал за рекламирање, дел сеуште имаат страв да инвестираат во тој канал. За сите кои се двоумат дали да се рекламираат на интернет и не се сигурни што можат да очекуваат, решивме да ги споделиме 10-те основни предности на рекламирањето на интернет.

1. На интернет може да ги „најдете” сите ваши потрошувачи. Пенетрацијата (користењето) на интернет во Македонија е над 62% од населението, што означува дека тоа се сите активни, млади, образовани луѓе, но и голем дел од повозрастните. Вистината е дека преку интернет можете да допрете до своите потрошувачи.

2. Интернет рекламата овозможува двонасочна комуникација. Сите останати класични канали за рекламирање само ја прикажуваат вашата реклама, а корисниците или ја приметуваат или не ја приметуваат. Немаат можност за реакција, обратна врска, а со тоа и дополнителен ефект од рекламирањето за вас. На интернет сето тоа е различно – можете да очекувате моментална реакција од корисниците – клик на банер, коментар на пост, гледање на видео, разгледување на вашиот сајт, онлајн купување или дури и јавување по телефон. Така, на вашите потрошувачи им овозможувате да бидат активни, а вие да ги следите нивните реакции и очекувања.

3. Рекламирањето на интернет може да биде ефтино. Во спредба со многу други класични канали за рекламирање, интернетот е место каде можете сами да одлучите колку пари да потрошите – за рекламирање на социјални медиуми, за рекламирање по клик, за премиум рекламирање во медиуми итн. Секоја кампања на интернет е специфична и за да имате одлични резултати од овој канал треба да се консултирате со специјалисти кои добро знаат кои канали за интернет рекламирање да се користат и како да го распределат буџетот.

4. Интернет е единствениот канал кој овозможува да добиете точна и детална статистика. Што се случува со мојата реклама? Ја гледа ли некој? Реагира ли на некаков начин? Сите овие прашања често остануваат без одговор кога се работи за класичните канали за рекламирање. Меѓутоа кога станува збор за рекламирање на интернет, сите овие прашања имаат многу точен одговор. Бидејќи за вашата реклмна кампања на интернет ќе добиете детална статистика за тоа колку пати се има појавено вашата реклама (impressions), колку луѓе ја имаат видено рекламата (unique views), колку кликови има на вашите реклами (clicks), каква е фреквенцијата на кликање на рекламите (CTR) и уште многу, многу податоци кои покажуваат каков успех има вашата реклама на интернет.

5. Рекламата на интернет е ефикасна. Не е случајно тоа што буџетите за рекламирање на светските компании се повеќе се префрлуваат кон интернет за сметка на останатите канали за рекламирање. Причината е дека заради се што набројуваме, интернет рекламата е ефикасна и во зависност од тоа дали е добро испланирана може да даде одлични резултати.

Следува продолжение..