EasyPlatform во Македонија – кои сме ние и како функционира рекламата преку EasyPlatform


EasyPlatform е рекламна платформа за интернет рекламирање на принципот Pay-per-click, која дава можност на огласувачи и веб сајтови да ги публикуваат, контролираат и отчитуваат своите рекламни кампањи. EasyPlatform е лесна за користење, но поседува моќна функционалност која ви гарантира импресивни резултати.

Технолошката инфраструктура на EasyPlatform одговара на најсовремените стандарди за ефективност и сигурност. Методологијата за оптимизација на рекламите, можностите за управување и таргетирање, како и полните извештаи во реално време, ја прават платформата посакувана алатка во работата на водечки рекламни и дигитални агенции, како и на голем број директни клиенти.

Во мрежата на EasyPlatform во Македонија моментално учествуваат 38 веб сајтови со секојдневно покажување на реклами со над вкупно 5.000.000 импресии.

Колкава е моќта на платформата EasyPlatform и што се таа овозможува?

- Pay-per-click рекламирање со банери и текстуални реклами.

Одберете го сами најсоодветниот рекламен носител за вас. Банерите се класична алатка за рекламирање на интернет, а текстуалните реклами се приметуваат од сите интернет корисници кои обично имаат одбивност кон поголеми и видливи реклами. Банери, текстуални реклами или комбинација од двете? Можете сами да одлучите, а ние ви стоиме на располагање доколку имате потреба од консултација за да ја изградите својата кампања така што ќе одговара на вашите цели.

- Лесно менаџирање на рекламите

Нашиот систем ја распределува вашата реклама во целата мрежа, така што ќе добите максимална опфатеност на интернет корисниците и бараниот број кликови со точност до 1. Апсолутно точно се следат зададените вкупни и дневни буџети и нема можност да потрошите повеќе пари отколку што е планирано на почетокот.

- Оптимизација во реално време

Ние обработуваме над 20 000 рекламни барања во секунда и ги опслужуваме за време пократко од 10 милисекунди. Имаме пронајдено процес за оптимизација на рекламите, кој работи во реално време и гарантира максимално добро распределување на кампањата помеѓу сите веб сајтови во платформата.

- Детални статистики вo реално време

Кај нас нема потреба да чекате со часови или денови за статистики, бидејќи сите податоци се евидентираат во платформата во реално време. Никогаш повеќе нема да се прашувате каде се појавуваат вашите реклами. EasyAds е апсолутно проѕирна со извештај на ниво на веб сајт, период, рекламна кампања и рекламен елемент.

- Максимална опфатеност

Ние имаме директна соработка со квалитетни онлајн медиуми, овозможувајќи брз пристап, секојдневно до милиони импресии како на десктоп, така и на мобилни уреди.

Тоа е EasyPlatform накратко – ефикасен и лесен инструмент за интернет реклама, удобен за користење. Следете го нашиот блог за повеќе интересни новости поврзани со работата на EasyPlatform и интернет рекламата воопшто.