Информација за Медиуми

Платформата EasyPlatform е отворена за учество на сите издавачи, кои одговараат на нашите критериуми за квалитетна содржина и уникатни посети дневно. Покрај сопствените реклами на онлајн пазарите во Бугарија и Македонија, ние креираме и го оптимизира и доходот од други платформи. Комбинацијата од овие два модели може да ви обезбеди значително повисоки приходи.

Ние користиме усовршен алгоритам базиран на многу брз passback waterfall. Нашата технологија прави заклучоци врз основа на историски податоци и пресметки во реално време и ја покажува најдобро платената реклама за секое вчитување на сајт.

Вашите директни продажби ќе се зголемат

Ние не ги канибализираме вашите директни продажби, дури напротив - помагаме да ги зголемите! Се стремиме да градиме доверливи односи со водечките рекламни и дигитални агенции за да можат вашите рекламни зони да бидат веднаш на располагање за програматик продажба, на договорена со вас минимална цена.

Освен за директни договори со наши клиенти, нашите експерти ќе ви помогнат да достигнете и до меѓународни програматик продажби. Доколку меѓународниот ad exchange има рекламни кои конкурираат за инвентар во вашиот веб сајт, ние ќе забележиме тоа и ќе ве известиме. Потоа може да се подготви персонална понуда за нив или да поставиме повисоки минимални цени за купување. Исто така, по ваше барање можеме да забраниме целосно одредени рекламни или цели тематските категории во програматик средината.

Со кои надворешни платформи соработуваме

По многу години искуство, ние знаеме сè за пазарот на програматик реклама. На прв поглед тоа е исклучително комплексен систем, но всушност не се многу платформите, кои можат да носат високи примања и додадена вредност. Ние избираме не повеќе од 3 такви платформи, поставуваме ги во passback waterfall (рекламен синџир) и правиме индивидуални подесувања за секоја одделна рекламна зона. Потоа, нашиот тим од експерти спроведува тестови на различни ценовни нивоа. Знаеме точно како да подесиме сето тоа така што да се добијат што е можно повисоки приходи од рекламните зони!

Нашата технологија изведува заклучоци врз основа на историски податоци, се натпреварува во реално време и ја прикажува најдобро платената реклама за секоја импресија. Менуваме помеѓу различните рекламни мрежи и ја доставуваме импресијата, доколку го постигне поскуваното ценовно ниво. Ние знаеме како да поставиме се така што да добиете возможно највисоки приходи од своите рекламни зони.

Статистики вo реално време, транспарентност и брза исплата

За разлика од многу други платформи или SSP услуги, кај нас ќе добивате брзи извештаи во реално време. Нашата технологија ги пренесува моментално и директно во вашиот профил податоците и сумите од сите надворешни платформи со кои соработуваме. Преку онлајн пристапот во EasyPlatform ги имате на располагање сите потребни статистики и можете да креирате различни преддефинирани извештаи.

Ние ви ги исплаќаме акумулираните суми 30 дена по завршувањето на секој календарски месец. Тоа е стандард во секторот за доставување на онлајн реклами кој го следиме без отстапување од 2006-та година. Нашата платформа е исклучително лесна за користење, но доколку ви треба помош, може да не контактирате во секое време преку формата за прашања и да добете подршка 24/7.