Технички барања за изработка на реклами во EasyPlatform


Технички барања за изработка на HTML5 банери


HTML5 банерите, оптимизирани за работа во платформата за рекламирање EasyPlatform се состојат од главен .html фајл кој треба да биде именуван како "index.html" и пропратни дополнителни ресурси (слики, библиотеки и др.). Сите овие фајлови треба да бидат спакувани во ZIP фајл.
Потребно е да се запазат неколку правила за банерот правилно да работи:
  • Основниот .html фајл треба да бидам именуван "index.html";
  • Предметниот index.html фајл треба да биде директно во архивата (root), а не во фолдер во самата архива;
  • index.html фајлот задолжително треба да содржи во себе <head> и <body> тагови!
  • Дополнителните ресурси можат да бидат во посебен фолдер (на пример assets) или директно во архивата;
  • Треба да се користат относителни линкове кон ресурсите. На пример: <img src = "foldername /logo.png"> <img src="foldername/logo.png">
  • Ако се користи дополнителна библиотека или javascript, тогаш тоа мора да биде вклучено во .zip датотеката;
  • Ако е потребно да се користи надворешен ресурс, тогаш тоа мора да е наведено со https:// протокол;
  • Сите ресурси во архивата треба да се искористат. Не оставајте вишок фајлови;
  • Оддалеченоста стандардно треба да се ресетира со body: {margin: 0;}
  • Барањата за дефинирање на линковите во банерите мора да се почитуваат!

Барања:


Формат на фајлот: .zip
Формат на ресурсите: jpg, jpeg, png, gif, txt, js, json, svg.
Поддържани размери (px): 300x250, 300x600, 970x250, 970x90, 728x90, 468x60, 160x600.
Поддржани големини (px): 300x250, 336x280, 300x600, 336x600, 970x250, 970x90, 728x90, 468x60, 160x600. Тежина на банерот (.zip file): максимално до 150 KB за секоја големина.

Дефинирање на линкови во банер:


За да поставите линк во банерот и тој да работи правилно во платформата потребно е да го дефинирате и нашиот параметар за клик, без кој самиот банер нема да биде одобрен од нашите администратори.
Поставување на еден генерален линк за банерот (препорачливо)

Опколете ја содржината на банерот во стандарден <a> html таг и во него поставете го нашиот параметар за клик.
Пример:<a href="_eaclick_" target="_blank"> </a>.

На овој начин банерот ќе го води корисникот кон url адресата што сте ја дефинирале при самото качување на банерот во системот и ја зачувувате флексибилноста да го промените во секој момент преку уредување на поставките за банерот во системот, а не со редакција на самиот HTML5 код.
Дефинирање на неколку различни линкови во банерот

За да може да се пренесе корисникот на различно место во однос на тоа на каков елемент е кликнато и во исто време да работи нашиот параметар за клик (_eaclick_), потребно е да го поставите правилно во самиот линк пред секоја url адреса. Пример:

<a href="_eaclick_http://yoursite.com/landing-page-1 " target="_blank">Link 1</a>
<a href="_eaclick_http://yoursite.com/landing-page-2 " target="_blank">Link 2</a>
<a href="_eaclick_http://yoursite.com/landing-page-3 " target="_blank">Link 3</a>

Сите линкови можат да водат кон различни веб страници, но само кон еден домен!

Добри практики кои ги препорачуваме

  • Компресирајте ги своите ресурси за помала тежина! Користете компресија на сликите за да се намали нивната тежина и да се вчита побрзо на корисниците. Така од една страна полесно ќе ги задоволите барањата за тежина и од друга страна вашите реклами ќе се вчитуваат побрзо на уредите на корисниците.
    Не користете транспарентност, ако не е потребно.
    Никогаш не користете тешки формати како raw или bmp.

  • Намалете го бројот на HTTP протоколи
    Комбинирајте неколку слики во еден фајл (spritesheet) и користете координатен систем за да ги прикажете одделно; Соединете ги и минимизирајте ги своите скрипти во еден фајл (javascript / css);

  • Кога мора да користите надворешни библиотеки, на пример за да анимирате различни елементи, ви препорачуваме предметните библиотеки да бидат во самиот банер, а не да се повикуваат надворешно. Ако сепак мора да бидат достапни на друго место, задолжително дефинирајте ги со https:// протокол.

  • Задржете го кодот на банерот максимално лесен и исчистен од вишокот работи. За целта користете компактен javascript и користете CSS3, кога можете. Користете глобални стилови наместо посебен стил за секој таг inline одделно.

  • При анимации многу е важно да ја земете во предвид и оптеретеноста на процесорот. Ве молиме следете го упатството со добри практики по ова прашање на IAB - страница 18.


Технички барања за изработка на текстуални реклами


Текстуалните реклами се создаваат директно во платформата и содржат наслов, опис и до 5 слики кои се ротираат по избраниот начин. Тие се исклучително лесни за креирање и затоа се многу погодни за промена и креирање на реклами за краткорочни промоции и активности. А еве и повеќе информации за секој од елементите:

  • Наслов - содржи до 30 карактери и обично се визуелизира со поголем фонт и кај некои позиции задебелен фонт.

  • Опис - содржи до 80 карактери. Во него можете да дадете повеќе информации, со кои ќе се запознаат потрошувачите. Колку поконкретен и поточен е описот, толку повеќе информирана одлука за клик донесува корисникот и толку поквалитетни и позначајни посети ќе имате на вашиот сајт.

  • Линк - самата страница, на која сакате да ги однесете луѓето кои кликнале на вашата реклама. Избегнувајте да однесувате на почетната страница, ако рекламирате одреден производ или услуга - прочитајте повеќе за честите грешки и како да правите поефикасни онлајн реклами во нашата статија.

  • Слики - во платформата се прикачуваат/избираат до 5 слики во две резолуции и соодноси на страните. Ова се прави со цел оптимален распоред и изглед на рекламата при различни резолуции и позиции во различни сајтови. Користете го нашиот кроп модул да ја промените резолуцијата на сликата прикачена од вашиот компјутер или користете некоја од нашата галерија со фотографии.

  • Клучни зборови - до 100 зборови за реклама. Тие се важни за контекстуално таргетирање, за да можат вашите реклами да се појавуваат со приоритет во случаите кога на страницата, на која се покажува вашата реклама ги има истите зборови. Зборовите треба да се по еден на линија без фрази.

Барања:

  • Наслов: до 30 карактери;
  • Опис: до 80 карактери;
  • Линк: до 600 карактери;
  • Слики: до 5 слики во следните соодноси и резолуции:
    Ratio 4: 3 - минимум 400x300px
    Ratio 1: 1.91 - минимум 600x314px


Имате потешкотии со создавањето на реклами за нашата платформа?
Нашиот тим ги очекува вашите прашања и барања.
Mail: macedonia@easyplatform.com
Тел: 077 44 10 44