EASYPLATFORM СО ЦЕЛОСНО НОВ ДИЗАЈН И ФУНКЦИОНАЛНОСТИ




Возбудени сме да споделиме со вас многу нови измени на платформата. Ова не е само редизајн – системот има комплетно нови функционалности и можности! Ќе се обидеме да ве запознаеме со сите нив во следните редови:

Нов дизајн и корисничко искуство


Долго време сакавме да го промениме изгледот на платформата, така што да биде поудобна, поубава и полесна за користење. Работевме напорно во оваа насока и се надеваме дека ќе ви се допаднат промените - ги зголемивме сите текстови за подобра читливост, го сменивме стилот на сите табели, копчиња и елементи за лесна навигација и работа со кампањите и рекламите.

Нови функционалности за Огласувачи


Многу од новите алатки се во насока на полесно користење на системот, уште помоќни опции за таргетирање и известување и одлични рекламни формати и можности за претставување на вашите идеи пред вашите идни и сегашни клиенти!

Нов мониторинг / Dashboard


Со еден поглед, сега можете да го видите актуелниот статус на вашиот акаунт – различните кампањи, расположивиот буџет во вашиот профил, како и детален графикон за временски период по ваш избор кој е поставен со едноставен и интуитивен календар во десниот агол.

Нови извештаи


Во менито за извештаи ќе откриете комплетно ажурирани извештаи со флексибилна логика, можност за филтрирање на кампањите и рекламите по различни критериуми и преглед по различни димензии за максимално флексибилни и персонализирани извештаи. Сега можете уште полесно и подетално да ги гледате и анализирате податоците за вашите кампањи.

Нов вид на таргетирање - по денови од неделата


Сега можете по денови од неделата да ги поставувате периодите во кои сакате да биде активна рекламната кампања. До сега, системот нудеше временско таргетирање по часови од деноноќието и временски периоди по избор. Сега веќе лесно можете да изберете во кои денови од неделата сакате вашите реклами да бидат активни без да треба да поставувате повеќе одделни периоди.

Audience Center


Возбудлива иновација која обезбедува уште помоќни опции за таргетирање, врз основа на однесувањето на корисниците кон вашите реклами и нивните активности на вашиот сајт. Преку поставување на пиксел код на вашиот сајт, добивате нови можности за собирање податоци за разни настани/конверзии, како и создавање на лична публика од корисници кои имале одредена активност на вашиот сајт или посетиле определена негова страница.
Ова е исклучително моќна алатка која ви овозможува да ги сегментирате и ретаргетирате корисниците и да комуницирате со нив на персонализиран и атрактивен начин. Бидејќи е тешко да ви ја претставиме целата функционалност во два параграфи, создадовме посебна статија на нашиот блог во која се дадени информации за тоа Kако работи EasyPlatform Audience Center?

Интерактивни HTML5 банер реклами базирани на податоци


Професионално изработените HTML5 реклами ја зголемуваат ефективноста на банерите преку персонализација и инерактивност. Но, во исто време бараат дизајнерски и програмерски вештини. Ние знаеме дека создавањето на квалитетни интерактивни банери е предизвик! Затоа создадовме цела колекција на неверојатни HTML5 банери кои се подготвени да бидат прилагодени за вас!
Покрај креативата, располагаме со технологија за анализа на податоци која ги мери не само прикажувањата и кликовите врз рекламата, туку и сите различни интеракции со рекламите: touch (on mobile), mouse over (desktop) и разновидни дополнителни интеракции како scroll, pull, scratch, slide и многу други.
Дознајте повеќе

EasyPlatform Advanced Manager за Огласувачи


Ова е посебна функционалност за менаџирање на директни договори и достигнување на конкретна позиција. Така можете да таргетирате и менаџирате конкретна рекламна позиција. Покрај тоа, го добивате целосниот пакет на услуги – прецизно таргетирање, ретаргетирање, сервисисирање и известување за рекламите, Conversion Tracking и Audience Center. Така, можете да ги користите совршено развиените алатки од Performance Marketing во стандардниот медиа закуп на импресии во различни сајтови.Контактирајте нè за повеќе информаци.


Нови функционалности за Медиуми


Го оптимизиравме алгоритамот зад прикажувањето, таргетирањето и сервисирањето на рекламите за да може секоја рекламна зона да работи уште подобро, засновајќи се на коректни и конкретни податоци за да постигнеме оптимизација на рекламните зони и максимална профитабилност.

Нов мониторинг / Dashboard


Сега можете уште полесно да го гледате актуелниот статус на вашиот акаунт – деталниот графикон за временски период по ваш избор ви дава претстава за тоа како се движат профитабилноста и кликовите на вашите рекламни зони. Одделно можете да добиете претстава за генерираните средства и плаќањата кои се во очекување во вашиот профил.

Нови извештаи


Во менито за извештаи ќе откриете целосно обновени извештаи со флексибилна логика, можност за филтрирање на сајтови и рекламни зони, уреди и друго, по различни критериуми и преглед на различни димензии за максимално флексибилни и персонализирани извештаи. Сега можете да гледате и анализирате податоци за вашите рекламни зони и сајтови, а ние сме секогаш тука да ги оптимзираме вашите позиции заедно за максимална видливост и перформанси.

Интеграција со различни рекламни сервери и системи


Ја подобривме нашата интеграција со различни системи така што додадовме лесен начин за додавање на Click Macro во вашите рекламни зони, за да можете да ја следите кликаноста на рекламните зони во самиот рекламен сервер кој што го користите. Многу од медиумите се префрлија на Google Ad Manager како основен рекламен сервер - токму затоа ние го направивме она што е потребно за да гледате уште повеќе информации и да ги менаџирате вашите рекламни зони.

EasyPlatform Advanced Manager за Медиуми


Поради многу прашања од нашите партнери, решивме да го отвориме нашиот систем и неговите можности како рекламен сервер за сите наши Медиуми - сега веќе лесно можете да ги менаџирате своите рекламни зони и да управувате со различните реклами кои се прикажуваат преку нашиот целосно БЕСПЛАТЕН рекламен сервер и платформа за директни барања - Advanced Manager for Publishers! Нашите сервери се оптимизирани за брза реакција, а различните методи за таргетирање и целосно бесплатниот Audience Center ви даваат моќни функционалности целосно бесплатно!
Дознајте повеќе

Се надеваме дека новите промени ќе ви се допаднат и ќе ве инспирираат за квалитетна и интерактивна онлајн комуникација со вашите сегашни и идни клиенти. Нашиот тим од специјалисти во областа на интернет рекламирањето е достапен за било какви прашања и ние ќе бидеме среќни да ви помогнеме да бидете уште повпечатливи онлајн и да го развивате вашиот бизнис до нови нивоа!

Тимот на EasyPlatoform
macedonia@easyplatform.com