ЦЕЛОСНО обновени рекламни огласи во EasyPlatform!


Кога зборуваме за текстуални огласи, одамна веќе немаме предвид само наслов и линк поставени некаде на интернет, туку видливи и впечатливи реклами со средно долги пораки, придружени со неколку големи и квалитетни слики. Да, тоа се обновените текстуални реклами со слики во EasyPlatform! Следејќи ги трендовите во т.н. native ads, во последните години ние неколку пати радикално го менувавме изгледот на текстуалните реклами, менувајќи ја нивната големина и создавајќи нови размери, кои ќе одговараат на различните сајтови и нивните дизајни. Сега дојде ред на дополнување на текстуалните реклами со уште повеќе функционалности!

Повеќе слики со можност за анимација


Веќе можете да прикачите до 5 фотографии за во секоја од димензиите на сликите! Тие ќе бидат прикажани последователно или по случаен избор во зависност од избраниот начин на ротација - ваше е да одберете. Препорачуваме да користите ротација по случаен избор кога во рекламата има неколку слични слики - на пример различни производи од иста категорија или пак различни категории производи. Кога пак сликите се меѓусебно поврзани во одреден редослед, можете да ја изберете опцијата да се прикажуваат последователно и тогаш секогаш рекламата ќе започнува од првата слика и ќе ги покажува останатите една по друга.


Галерија со готови слики (Stock Images)


Ако немате сопствени слики за да ги прикачите за дадена реклама или пак брзате да ја креирате рекламата и немате време да барате соодветна слика од вашата архива, не двоумете се да користите висококвалитетни слики од нашата богата галерија. Во неа ќе најдете скоро 400 слики кои се групирани по тематика и можете да најдете како специфични слики, така и поопшти слики кои оптимално ќе се вклопат со вашите рекламни пораки.


Crop модул


Веќе нема потреба да ги подготвувате сликите во точниот размер, за да можете да ги прикачите во платформата и тие да изгледаат на најдобар можен начин. Развивме удобен crop модул, со чија помош можете оптимално да ги менувате димензиите на сликите поставени од компјутер без да треба да користите други алатки за уредување на слики. Можете да да го повлечете фајлот директно (Drag & Drop) или да го побарате фајлот од вашиот компјутер (Browse), по што директно ќе добиете пристап до нашиот Crop модул.


Slider за промена на сликите


Во рекламните огласите веќе се содржани навигациски елементи преку кои корисниците ќе го препознаваат присуството на повеќе од една слика и опцијата да ги пребаруваат. Самите стрелки за промена на сликите се во согласност со големината на рекламната зона во конкретниот медиум. Корисниците со мобилни уреди, исто така имаат доволно големи зони за допир преку touchscreen.

Подолг дозволен текст, повеќе креативност


Од неодамна, рекламните огласи содржат повеќе карактери, како во насловот, така и во описот. Веќе можете да креирате пораки со повеќе текст, односно со до 30 карактери во насловот и до 80 карактери во описот. Така можете појасно и поисцрпно да им дадете информации на вашите идни клиенти, за да бидат доволно информирани и да се одлучат да кликнат и да дознаат повеќе. Тоа се одразува последователно и на конверзиите на сајтот, бидејќи колку повеќе информирани корисници ќе кликнат на вашиот сајт, толку поквалитетни се нивните посети.



Веруваме дека сите овие промени ќе ви помогнат да создадете уште позначајни и ефективни реклами и се надеваме дека новостите ќе ве инспирираат за уште поуспешни кампањи!

Сеуште немате профил во нашата платформа за рекламирање EasyPlatform?
Регистрираjте се сега целосно бесплатно и пробајте ги новите алатки за рекламирање веднаш!

За соработка и консултација во врска со новите текстуални реклами со слики, може да се обратите до нашиот тим:
Mail: macedonia@easyplatform.com
Тел: 077 44 10 44 / 075 295 178