10 најчести грешки при изработката на интернет реклами! - дел 2



Продолжуваме со дел 2 на статијата за најчести грешки при изработката на интернет реклами. Видете Дел 1

Грешка #6: Се фокусирате на Cost per Click наместо на Cost per Conversion


Често огласувачите се борат за возможно најниската цена по клик, очекувајќи тоа да ја намали и крајната цена за привлечен клиент и извршена продажба. Вистината е, дека тоа е така само во многу ретки случаи – на пример кога вашиот производ не бара никакво таргетирање или доколку кликовите доаѓаат од еден ист веб сајт (т.е. нема разлика во количината на кликовите). Всушност, користејќи една рекламна мрежа најдобро е да ги примените сите достапни опции за таргетирање (посебно бирањето/исклучувањето на одредени сајтови) и да ги следите резултатите не врз основа на цената по клик, туку врз основа на цената за продажба.

| Cost per Conversion е односот помеѓу рекламните трошоци и бројот на продажби (исто применливо за број на регистрации или друг вид активности), која ви покажува колку средства сте потрошиле, за да реализирате/предизвикате една продажба.

Грешка #7: Се фокусирате само на Cost per Conversion, наместо на Brand Awareness


Следејќи го единствено советот од грешка број 6 лесно може да стигнете до заклучок, дека дисплеј рекламата е поскапа и соодветно неисплатлива за вас во споредба на пример со рекламирање во онлајн пребарувачите. Но тоа би било и голема заблуда, бидејќи овие два рекламни канали работат на различен начин и всушност се надополнуваат еден со друг. Луѓето кои бараат нешто онлаjн и го пишуваат во било кој пребарувач, веќе се решени да купат одреден производ, понекогаш дури и од одредена марка. Често тоа барање е претходено од веќе видена дисплеј реклама (банер). Секоја дисплеј реклама го гради малку по малку вашиот бренд и ја зголемува шансата да бидете запаметени и преферирани пред конкуренцијата. Овој ефект се нарекува "Brand Awareness" и многу тешко може да биде измерен. Но дефинитивно постои!
Се разбира, има бизниси, кои можат да сметаат и само на реклама во пребарувачите, на пример: клучарски услуги, drink and drive, фирми за ремонт и поправка, носачи итн. Таков тип на фирми немаат сопствен "бренд" и со тоа немаат потреба од препознатливост на својата марка. Во тие случаи корисниците ги бараат нивните услуги заради итна потреба или најчесто заради нивната местоположба.

Грешка #8: Користите едни исти реклами долго време


Колку и добро да ги изработите вашите дисплеј реклами, по некое време тие се "трошат" и ќе биде потребна промена. Понекогаш помага дури и да вратите реклама, која ја имате користено пред неколку месеци и која е веќе "заборавена" од корисниците. "Трошењето" на рекламата се случува много брзо и на интернет и најлесно се мери со показателот Frequency - честотата, со која таа се има прикажано на 1 корисник за определено време. Обично една реклама се исцрпува по околу 1 месец, за кое време е нормално да постигнете барем 10 прикажувања на еден ист корисник.

Грешка #9: Не ги мерите резултатите од секоја реклама


Предвид фактот, дека дисплеј рекламата има два ефекти - продажби и препознатливост на марката, мерењето на нејзиниот целосен ефект во пракса е невозможно. Како на пример би се измерила една телевизиска или радио реклама? Или билборд реклама? За разлика од овие офлајн канали, дисплеј рекламата на интернет ќе ви донесе не само препознатливост, но и продажби. За да го измерите ефектот врз продажбите најдобро е да го "тагирате" секој линк на рекламата со UTM параметри, за да имате извештај во Google Analytics. Освен директните конверзии од даден канал можете да следите и т.н. "Assisted Conversions" во Google Analytics и да дознаете колку често и на кое место во Customer Path присуствува даден дисплеј канал.
Примерен Customer Path:
(1)клик од банер во EasyPlatform - (2) клик од Facebook реклама - (3) клик од email во newsletter - (4) клик од пребарувач - (5) директна посета со продажба. Вo тој случај Analytics би ја преброил продажбата на пребарувачот бидејќи таа е последниот НЕдиректен клик кон вашиот сајт.

| Customer Path ја опишува секоја посета на корисникот на вашиот сајт, преку различните рекламни или директни канали, пред да купи нешто.

Грешка #10: Не правите A/B тестови


На самиот почеток на секоја кампања може да стартувате 2 или 3 варијанти на рекламите и брзо да процените која работи подобро. Без да има потреба да мерите продажби, следејќи го само CTR-от на криативите, ќе можете да се ориентирате кој од нив е поатрактивен и би довел до повеќе кликови. Боите на банерот или различно call-to-action копче може да го подобри CTR-от на вашите реклами со над 50%.
Меѓутоа, важно е да го мерите и квалитетот на кликовите откако корисниците ќе дојдат на вашиот сајт, бидејќи доколку создадете две реклами со многу различна визија и едната е на пример позаблудувачка, таа ќе генерира многу кликови, но малку продажби и може да излезе дека втората визија, која е со понизок CTR, води до повеќе продажби.

| Правилното користење на рекламата ја определува до висок степен и вкупната ефективност на рекламната кампања.

Тоа беше нашиот поглед за 10те најчести грешки при изработувањето на дисплеј реклами (банери). Во денешно време ниту еден огласувач не може да си дозволи да троши пари без тие да се возвратат, затоа се надеваме дека собирањето на овие 10 грешки (Дел 1 и Дел 2 на статијата) ќе ви бидат од корист при изработувањето на вашата сопствена онлајн маркетинг стратегија.

Нашиот тим од дигитални специјалисти е на ваше располагање за содејство и прашања, поврзани како со објавувањето на успешни реклами, така и со целосната работа на EasyPlatform!

Сеуште немате профил во нашата платформа за рекламирање EasyPlatform? Регистрираjте се сега целосно бесплатно и пробајте ги нашите алатки за рекламирање!

Ви посакуваме многу успешни рекламни кампањи и многу конверзии!

Екипа EasyPlatform
Mail: macedonia@easyplatform.com
Тел: 077 44 10 44 / 075 29 51 78